Тројната олимписка шампионка, Американката Серена Вилијамс го откажа својот настап на претстојните Летни олимписки игри во Токио. Таа и ја соопшти веста на јавноста на ден пред почетокот на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон.
– Јас не сум на списокот за Игрите, така да… Не дека не бев свесна за тоа, но и да бев на листата, немаше да одам – кажа Вилијамс.
Таа не сакаше да ги открие причните за нејзиниот потег.
– Постојат многу причини за мојата одлука. Навистина не сум во елемент за тоа да зборувам денеска. Можеби некој друг ден. Извинете – рече Американката која е освојувачка на 23 гранслем-трофеи.
Нејзина прва ривалка на Вимблдон ќе биде белоруската тенисерка Алиаксандра Саснович.