Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Политика“
Македонскиот идентитет и јазик не се, ниту пак би можеле да бидат предмет на какви било преговори, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервју за белградска „Политика“ објавено денеска.
– Нашата државност и нашиот стандарден јазик се заокружен процес и тој факт треба да биде прифатен од сите, како клучен чекор кон градењето на соработка, имајќи предвид дека сите соседни држави имаат иста стратешка ориентација во Европската Унија – вели Пендаровски.
Претседателот во интервјуто се осврна и на евроинтегративниот пат на Македонија, на спорот со Бугарија, како и за помошта што земјата ја доби од Србија во справувањето со последиците од пандемијата.