Битолското јавно претпријатие „Градски паркинзи“ остана без својот сеф, но и парите кои се наоѓаа во него.
Вчера во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила и
подесен алат влегол во канцеларијата на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола на улица „Солунска“ во Битола и од сефот одзел пари.
Засега не се знае колку пари имало во сефот и дали крадецот ги украл сите пари.
Од битолската полиција велат дека екипа на СВР Битола извршиле увид и дека преземаат мерки за расчистување на случајот. М.М.