Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 17 до 23 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 18 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале осум лица.
Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 122, а на болничко лекување се наоѓаат десет лица кои се на кислородна поддршка.
Вкупниот број на заразени од полеток на пандемијата со ковид-19 изнесува 8.283.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 422 лицa.
Ка.М.