Копретседателот на заедничката македонско-бугарска историска комисија, Ангел Димитров, во интервју за бугарската БНТ вели дека против Бугарија се спроведува пропаганден напад.
– Постојат низа дезинформации за работата на комисијата. Цела серија состаноци досега завршуваа со истиот резултат. Апсолутно нема напредок. Се создава завеса за реалната работа на комисијата – истакна Димитров.
Според него, досега во игра и пракса е да се користат пристапи што се спротивни на работата и целите на комисијата.
– Ние се фокусиравме само на Цар Самоил. Нема повеќе време да зборуваме за Гоце Делчев. Научната сфера не е пазар, работите мора јасно да се диференцираат. Ние не сме извршители на политички наредби, мора да зборуваме како научници – рече Димитров.
Додаде дека посакува блиски пријателски и добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија и затоа како што рече средбите продолжуваат но според него со надеж дека македонските исторчари ќе излезат од ровот во кој се вкопани и ќе разговараат како научници, а не како извршители на политички нарачки, изјави Димитров.
Тој вели дека на минатонеделната средба на Комисијата не бил постигнат никаков напредок, бидејќи македонските историчари сакале да го сведат разговорот на нешто што е далеку од суштинска анализа на работата на Комисијата” и да бранат нешто што е неодбранливо.
– Секогаш треба да се бара повеќе од една гледна точка и тоа не значи дека изворите треба да се занемарат и историјата да се толкува како што секој ќе посака. Нашите колеги ја следат политичката линија на нивното раководство – да не признаваат дека постои заедничка историја и да ги држат работите во неизвесност. Тие обвинуваат дека бугарската страна ја политизира темата, бидејќи во нашата земја не е избрана нова влада – смета Димитров.
Според него, работите мора јасно да се разграничат и политичарите мора да преземат одговорност за тоа и да сносат одговорност за своите постапки.