Норвешката пошта го доби својот прв робот за доставување на писма и пакети. Роботот од есен ќе им доставува пошта на жителите на градот Конгсберг, јавува порталот Норвеј Тудеј.
Ова е прв робот од таков тип во Норвешка, а бил донесен од САД пред три дена. Доколку сė се одвива според планот, роботот поштар би можел во целост да ги замени поштенските сандучиња.
А според планот на Норвешката пошта, роботот би тргнал од поштенското складиште во обиколка и тоа целосно сам. Луѓето би биле електронски информирани кога роботот поштар ќе биде во нивното соседство. На тој начин ќе можат да излезат и да ја земат поштата кога и каде им одговара.
– Роботот што стои овде ќе има инсталирано многу норвешка технологија, така што ќе можеме да го тестираме за достава на пошта во Конгсберг оваа есен – рече Тоне Виле, директор на Норвешка пошта.
Партнер на Норвешка пошта во овој проект е Бади Мобилити, калифорниска компанија што ја води норвешки претприемач.