УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ
Во последните неколку години, Македонија отиде „зад огледалото“. Денес, во Македонија сè е обратно, вклучувајќи ја и логиката, па така, на пример, обидите да се приближиме до демократска и правна држава ја оддалечија Македонија светлосни години од демократијата и владеењето на правото, додека непромислените чекори за интеграција во ЕУ помогнаа Македонија да остане неподвижна, дури и да назадува. Претседателот на МАНУ во својата анализа се осврнува и на моделите на владеење и поделбата на моќта во Македонија, при што нуди решенија за излез од проблемите со кои се соочува државата