Годинашното доделување на „оскарите“, 93-то по ред, ќе се одржи на 25 април, а на листата на презентери се големи имиња од филмската и модната сцена: Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Брајан Кренстон, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Џон Хо, Регина Кинг, Дон Чедл, Марли Метлин, Рита Морено, Зендаја.
Организаторите на церемонијата изјавија дека доделувањето на златните статуетки ќе личи на филм, а не на телевизиска емисија. Освен тоа, продуцентите им испратиле писма на номинираните, во кои побарале нивно физичко присуство на церемонијата. Значи, за разлика од другите слични манифестации периодов, како доделувањето на „златните глобуси“ и наградите на БАФТА, на 25 април нема да гледаме зум-разговори со глумците и со презентерите.