Здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само кај нас, насекаде во светот се соочуваат со пикот на досега најсилниот бран и тоа е нешто што буквално се случува во сите околни земји во цела Средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка“, рече министерот за здравство, Венко Филипче, за време на посетата на модуларната болница во Прилеп.
Министерот истакна дека сите ковид-центри во државата се во постојана координација, здравствениот систем секојдневно се менаџира, за пациентите да ја добијат потребната здравствена услуга.
– Благодарение на брзата прераспределба, на брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираа и овој удар. Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита, за што можам да им се заблагодарам за пожртвуваната и посветена работа. Тоа значи во секоја болница, па и тука во Прилеп се прави планирање на дневна основа, но и среднорочно во смисла на тоа кои одделенија ќе бидат преадаптирани доколку е потребно и доколку дополнително се зголемува бројот на пациентите – изјави Филипче.
Модуларната болница во Прилеп е еден од 19 вакви објекти. Филипче рече дека болницата е целосно опремена со централен довод на кислород и има услови за лекување на сите пацинети кои се заболени од ковид-19.