Бугарската полиција и Обвинителството на Софија заплениле фалсификувани банкноти во долари и евра за време на акцијата во Софија, пишуваат бугарските медиуми.
Фалсификувани банкноти, вредни четири милиони долари и 3,6 милиони евра, биле отпечатени во просториите на Универзитетот во Софија, пренесуваат агенциите во оваа земја.
– Бугарските институции за спроведување на законот продолжуваат активно да ги штитат финансиските интереси на ЕУ и нашите американски партнери – рече државниот обвинител Иван Гешев.