На Меѓународниот ден на жената, пред МВР се одржа петтиот протестен марш организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.
Под паролата: „Држава што не постапува е држава што силува“, активистките демонстрираа облечени во црно со што го изразија својот гнев и револт кон институциите, а исто така побараа и итно решавање на случајот со „Јавна соба“.
Маршот е кулминација на неколкунеделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство за што им дадоа рок на институциите да реагираат до Осми март.