Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората.
Оттаму велат дека бројот на попишани расте секој ден, а иселениците можат да се самопопишат до 21 април.
– Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено – додаваат од ДЗС.
Ги охрабруваат и мотивираат иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат.