Здравствени советници на германската влада сугерираат дека земјата наскоро може да им овозможи на лицата над 65 години да се вакцинираат со „Астра зенека“. Ова е важен сигнал што доаѓа во време кога голем број земји од Европската Унија имаат на располагање голем број дози од оваа вакцина.
Томас Мертенс, претседател на Германската комисија за вакцинација, изјави дека многу бргу ќе издаде изменета препорака.
Неговите коментари доаѓаат во време кога неискористените дози на вакцината „Астра зенека“ се натрупуваат во магацините низ цела Европа, а сомнежите за ефикасноста на вакцината се шират во голем број европски земји, вклучувајќи ги Франција и Германија.
Од саботата, според последнитре информации на германските медиуми,Германија користела само 363.645 дози вакцина „Астра зенека“, а во исто време тие имаат дури 1,45 милиони дози.
Регионалните здравствени власти предупредуваат дека илјадници Германци не дошле на договорениот датум за вакцинација кога дознале дека планираат да ги вакцинираат со „Астра зенека“.