Библиотека во студентска населба на Универзитетот во Мичиген е затворена, но не поради пандемијата од ковид-19, туку поради закана од отровни пајаци.
Универзитетските власти неодамна, за време на рутинска проверка, откриле пајаци во подрумот и во оддалечените згради на студентската населба во Ен Арбор, кои ги нарекуваат медитерански пустиник, објави Си-би-ес њуз.
– Започна чистењето на деловите од кампусот каде се појавија пајаците – изјавила за Си-би-ес портпаролката на универзитетот, Ким Брокхајзен.