Седумнаесетгодишен малолетник синоќа бил приведен оти се обидел да го нападне неговиот 46–годишен татко, а при обид да го спречи нападот со повреди се здобил неговиот 18-годишен брат.
Малолетникот бил приведен во полициска станица во Чаир и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.