Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги објави листите со клубови, федерации и со индивидуални спортисти што добија т.н. финансиски ваучери за актуелната спортска сезона. Меѓу 665 спортски клуба, од ракометните клубови Вардар доби 19 милиони денари, Металург и Еурофарм Пелистер по 17,5 милиони денари итн. Ваучери им беа доделени на 133 ракометни клуба во машка и во женска конкуренција.
Во кошарката, МЗТ Скопје доби ваучер од 3 милиони денари, Работнички од 12 милиони денари…, а вкупно 41 кошаркарски клуб добија финансиски ваучер. Во фудбалот ваучери добија Шкендија (10.800.000 денари), Шкупи (10 милиони денари) итн., меѓу 167-те фудбалски клуба. Кај одбојкарите беа доделени 20 ваучери…
АМС им додели и 174 ваучери на индивидуални спортисти, а од 58-те регистрирани спортски федерации, ваучер добија 46. Меѓу федерациите, Ракометната федерација на Македонија доби ваучер од 16 милиони денари, Македонската кошаркарска федерација 14.000.000 денари, Одбојкарската федерација на Македонија 12 милиони денари… Та.Д.