Министерката за здравство на Шри Ланка, Павитра Ванијарачи, која јавно ja поддржа и промовира употребата на „магична напивка“ во борбата против коронавирусот, е позитивна на ковид-19.
Ванијарачи јавно ја консумираше „магичната напивка“, за која тој што ја направил тврдеше дека обезбедува доживотен имунитет на вирусот.
Како што подоцна беше откриено, сирупот, односно напивката содржела мед и морско оревче.
Министерката во ноември лани истури бокал „благословена“ напивка во река, откако самопрогласениот Божји човек рече дека со тоа ќе се запре пандемијата.
Здравствен службеник потврди дека министерката Павитра е највисокиот функционер во таа земја заразен со вирусот.
Шри Ланка, која има 21 милион жители, вчера ја одобри употребата на вакцината на „АстраЗенека“, само неколку часа откако Ванијарачи објави дека е позитивна.