Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде најсреќен доколку Велика Британија излезе од Европската унија без претходно да постигне договор за идните трговски и други односи.
По серијата оставки во британската Влада поради незадоволство со најновиот пакет за Брегзит предложен од премиерката Тереза Меј, се отвори можноста токму од „Брегзит без договор“, при што Велика Британија би морала да тргува со ЕУ согласно правилата на Светската трговска организација (СТО), а прашањата како што е статусот на границата со Ирска и правата на државјаните би се решавале во од.
– Ако преговорите завршат без договор, единствено Путин би се радувал, изјави Хант, предупредувајќи дека Европа е во опасен момент поради агресивноста на Русија и „употребата на хемиско оружје во Велика Британија“.
Во порака до француската јавност, пред неговата прва турнеја по стапувањето на должноста, во рамките на која ќе ги посети и Австрија и Кина, Хант пораша дека Лондон и Париз имаат одговорност за безбедноста на Европа и мораат да ја развиваат меѓусебната соработка.
Хант ги предупреди политичарите во Брисел да не мислат дека ако почекаат уште малку, ќе добијат уште поповолна понуда од британската Влада или можеби откажување од Брегзит. Тој рече дека нема простор за такво нешто, а само се зголемува опасноста од Брегзит без договор.