Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
– Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11, во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на коронавирусот – се наведува во соопштението од ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.