Технолошките гиганти како „Тесла“, „Убер“ и „Спотифај“ моментно имаат сė помали профити, што предизвикува загриженост кај експертите дека таквата состојба би можела да има негативно влијание врз светската економија.
И покрај најавите за нови достигнувања, технолошките компании бележат сė поголеми загуби и заработуваат сė помалку.
Поради тоа дел од експертите прашуваат дали можеби не станува збор за уште еден нов балон, кој само што не пукнал и не предизвикал нови потреси во економијата.