Кипар откри 12 случаи на новиот вид на коронавирус кај луѓе кои неодамна пристигнале од Велика Британија, објави Министерството за здравство.
Од 19 позитивни лица кои пристигнале во Кипар од Велика Британија помеѓу 6 и 20 декември, кипарските власти откриле дека 12 се позитивни новиот вид на вирусот.
Од избувнувањето на епидемијата, на почетокот на март, до 2 јануари во Кипар заболеле 23.445 лица, а 129 починале.
Во исто време, во Швајцарија, се регистрирани неколку случаи на новиот вид на вирусот во Женева.
– Многу е веројатно дека има циркулација на новиот вид во нашиот кантон. Ова значи дека преносот на овој нов вид е активен во Женева и дека не станува збор само за увезени случаи – се вели во соопштението на владата.