Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 21 до 27 декември, во општина Прилеп имало 210 нови случаи на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 20 лица.

До денес бројот на активни случаи е 636, од кои 478 лица се наоѓаат на домашно лекување, 72 на болничко, а 86 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.188 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 4.137, а вкупно 210 лицa починале.

Ка.М.