Шест нови кривични пријави против повеќе лица до Обвинителството денеска поднел Бојан Јовановски познат како Боки 13.
– Не можам да кажам за кои лица станува збор поради фактот дека се работи за предистрага и само поднесување на кривична пријава. Единствено ќе кажам дека станува збор за претставници на медицинската струка, за претставници на власта, на судската и на обвинителската фела – изјави Сашко Дуковски, адвокатот на Јовановски.
Пријавите се поднесени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура, обид за убиство и друго, како што истакна адвокатот.
Јовановски пред неколку месеци поднесе 40-на кривични пријави против функционери.