Американскиот потпретседател Мајк Пенс, неговата сопруга и министерот за здравство Џером Адамс се вакцинираа со вакцината на „Бајонтек/Фајзер“ пред камери.
Вакцината ја примија во болницата „Волтер Рид“ во Вашингтон, јавува Си-ен-ен.
– Ова е медицинско чудо. Експертите ми велат дека за развојот, производството и дистрибуцијата на вакцините во просек се потребни 8-12 години. Но, ние во САД сме на пат да вакцинираме милиони Американци за помалку од една година. Ова е навистина чудо – кажа Пенс при вакцинирањето.