Компанијата „Твитер“ објави дека ќе побара од своите корисници да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни тврдења за вакцинација против коронавирус.
Социјалната мрежа соопшти дека од корисниците ќе биде побарано да ги избришат коментарите во кои се наведува дека вакцините се „намерно направени за да предизвикаат штета или полесно да се контролира населението, вклучувајќи коментари во кои се наведува дека вакцините се дел од глобален заговор“.
Исто така, на корисниците на Твитер ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е вистинска или не е сериозна, како и дека вакцинирањето е непотребно.