Државната изборна комисија соопшти дека во текот на денешниот ден за Предвремените избори за Градоначалник на општина Штип и Пласница, своето право на глас го остварија лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и болните и немоќните лица од наведените општини.
– На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил своето право на глас.
Во текот на денешниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.
Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас.
Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип од кои 1 гласач го оствари своето право на глас – се вели во извештајот од ДИК.