Иранските власти го погубија новинарот Рухолах Зам (47), кој со своите написи инспирираше протести ширум Иран во 2017 година.
Агенцијата „Асошиејтед прес“ објави дека егзекуцијата била извршена рано утрово, откако прогонетиот Зам се вратил во Техеран под мистериозни околности.
Иранскиот суд му ја изрече најтешката казна на овој новинар во јуни годинава и ја објасни својата одлука со казнување за корупција, шпионажа и обиди за уривање на иранската влада и држава.
Рухолах Зам е син на шиитскиот свештеник Мохамед Али Зам, реформатор, кој беше во владата на почетокот на 80-тите години од минатиот век по соборувањето на иранскиот Шах Реза Пахлави и кој јавно негираше поддршка на неговиот син по обвинувањата од владата во Техеран.