Џошуа Хутагалунг (33) од Северна Суматра станал милионер благодарејќи на тоа што метеорит буквално му паднал во куќата. Тој работел во дворот кога метеорит му го пробил покривот и паднал во неговата дневна соба.
– Кога го кренав каменот уште беше топол. Звукот беше силен и сѐ во куќата се затресе. Метеоритот направи дупка на покривот – изјавил Џошуа за локалните медиуми.
Вселенската карпа е тешка 2,1 килограми, а се проценува дека е стара 4,5 милијарди години. Станува збор за ЦМ1/2 јаглероден хондрит, кој е исклучително редок и вреди околу 1,4 милион фунти. За него Џошуа добил износ еднаков на 30-годишна плата. Тој ќе донира дел од парите за изградба на црква во својата заедница.
– Отсекогаш сакав да имам ќеркичка и се надевам дека ова е знак оти тоа и ќе се случи – изјавил Џошуа за таблоидот „Сан“.
Уште три фрагменти од метеоритот, официјално наречен Коланг, биле пронајдени во близина, а едниот дел бил оддалечен три километри од куќата на Џошуа. Лунарниот и планетарен институт во Тексас, САД, проценил дека вкупната тежина на метеоритот изнесувала 2,5 килограми. Метеоритот го купил Џеј Питек, лекар и колекционер на метеорити од Индијанаполис.