Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, во која нагласи дека дарот да се зборува јазикот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем.
– Со особена радост сакам да го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука, кој е востановен по денот кога се одржал Битолскиот конгрес на кој албанските интелектуалци собрани од сите страни, по девет дневна неуморна работа излегоа со најскапоцениот дар за еден народ – унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици – пишува Џафери во честитката.
Тој апелира до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, со свој пример да придонесат во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност.