Би било неодговорно Владата да поднесе оставка, кажа владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на прашањето дали премиерот Зоран Заев ќе поднесе оставка бидејќи нема почеток на преговори со Европската Унија (ЕУ). Арсовски додаде дека Владата останува посветена на реформите кои се дел од патот кон ЕУ.
– Во март имаше и исклучително позитивен извештај од Европската комисија за реформскиот напредок. Така што, фокусот на оваа влада останува на она што беше определба пред изборите. Навистина би било неодговорно во таа насока да се размислува за оставка – рече Арсовски на прес-конференцијата на владините портпароли.
На прес-конференцијата беше посочено и дека Владата на вчерашната седница не донела одлука за евентуална кризна состојба поради ширењето на заразата на ковид-19. А беа соопштени и некои од заклучоците од вчерашната, 21-ва владина седница.