Во нападот на Ерменија извршен со кластерна бомба во центарот на азербејџанскиот град Берде загинаа 21 цивил, додека повредени се 70 лица, јавува Агенција Анадолија, повикувајќи се на соопштение на Главното обвинителство на Азербејџан.
Бомбите паднале врз домовите, возилата и деловните простори на цивилите, што се наоѓаат во најфреквентните две зони во Берде.
Противпожарните служби беа упатени на местото на настанот, каде што го гаснеа пожарот предизвикан од експлодирањето на бомбите.
Голем број жители на Берде, кои дознале дека во нападот загинале нивни блиски, се собраа пред болницата.
Лејла Мустафејева доживеала шок откако дозна дека нејзината мајка загинала.
– Бев дома. Мајка ми излезе надвор. Одеднаш се слушна експлозија. Не ја видов мојата мајка. Моментално е во капела. Останав без мајка – рече Мустафејева во изјавата за АА.