ЦЕНТАР

Општина Центар изминатите денови работеше на поврзување на новата инфраструктура, која има цел да го подобри водоснабдувањето во населбата Капиштец, на улицата Васил Ѓоргов. Во овој дел се изведуваше нова водоводна мрежа од 235 должни метри, атмосферска канализација од 219 должни метри, а има и нова и зголемена фекална канализација во должина од 242 метри. Со оваа изведба ќе се подобрат сообраќајните услови во овој дел на градот и инфраструктурните капацитети и ќе се намали сообраќајниот метеж на улицата Козара, која ќе биде реконструирана идната година.
На улицата Васил Ѓоргов изминатиов период се работи на обнова на коловозот во должина од еден километар.
– Во тек е реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец, на потегот од раскрсницата со Франклин Рузвелт до Водњанска. Покрај нов коловоз, во должина од околу еден километар, ќе се обноват оштетените делови од тротоарот и ќе се заменат оштетените рабници. Оваа улица како една од главните сообраќајни артерии во градот е од големо значење за нормално функционирање на жителите на општината Центар – вели Дарко Гиговски, советник во Општина Центар.