Новите мерења на сателитите нудат вредни податоци за проучување тектонска грешка во едно од најпознатите геолошки невообичаени места на планетата. На тоа место, кое е едно од најжешките места на Земјата – по должината на сушната област Афар, во Источна Африка, можно е да застанете точно на местото каде што длабоко под земја континентот, всушност, се раздвојува.
Ова целосно пусто пространство се наоѓа над спојот на три огромни тектонски плочи, кои многу полека се одделуваат едни од други. Тоа е сложен геолошки процес за кој научниците велат дека целосно ќе ја распарчи Африка за најмалку неколку милиони години и ќе создаде нов океански слив. Засега, најочигледен доказ е новата пукнатина, долга 56 километри во етиопската пустина. Научниците ја проучуваат тектонската судбина на африканскиот континент со децении, а новите мерења на сателитите им помагаат подобро да ги следат и разберат промените.

– Ова е единственото место на Земјата каде што може да се проучи како континентот станува океан – рече Кристофер Мур од Универзитетот во Лидс во Велика Британија.
Се проценува дека формирањето нов океан во Африка ќе трае најмалку пет до 10 милиони години. Земјината кора е составена од десетина големи тектонски карпести плочи што постојано се судираат, се качуваат една врз друга, се подвлекуваат или се повлекуваат. Во последните 30 милиони години, арапската плоча се оддалечуваше од Африка, создавајќи ги Црвено Море и Аденскиот Залив.
– Во последниве години, сателитските џипиес-инструменти го трансформираа тоа истражување, дозволувајќи им на научниците точно, во милиметри, да го мерат движењето на почвата – вели геофизичарот Кен Мекдоналд, професор на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара.

Најтоплиот и најнаселен град на површината на Земјата е во Афар, каде што температурата е често над 55 степени Целзиусови во текот на денот, а се лади до 35 степени во текот на ноќта.
– Покрај тоа, овој феномен се следи со постојани теренски истражувања на местото каде што се јавува, во регионот Афар наречен „Пеколот на Данте“ – рече Синтија Ебингер, геофизичарка на Универзитетот во Њу Орлеанс, која веќе 15 години ја проучува оваа екстремна појава, а моментално работи и на новата пукнатина.
Потврдува дека со текот на времето се очекува единствениот африкански континент да се подели на два дела и да настане нов океан. Според најновите истражувања, трите плочи се одделени со различна брзина. Арапската плоча се оддалечува од Африка со брзина од околу 2,5 сантиметри годишно, додека двете африкански плочи се одвојуваат двојно пополека.