Демокатскиот кандидат за претседател на САД, 77-годишниот Џо Бајден, денес ќе биде тестиран за коронавирус, откако беше објавено дека Доналд Трамп е заразен.
Трамп и Бајден се сретнаа пред три дена на првата дебата пред претседателските избори во САД. Тие тогаш не се ракуваа и не носеа маски.
Бајден остро го критикуваше Трамп дека нема јасен национален план за справување со пандемијата. Поранешниот потпретседател, кој води во националните анкети еден месец до изборите, носи маска и избегнува големи собири.
Трамп, како и неговиот персонал, не носи редовно маска и честопати им се потсмева на луѓето што ја носат.
Сè уште не е познато како фактот што Трамп е позитивен на ковид-19 ќе влијае на кампањата за претседателските избори во САД. Втората дебата со демократскиот кандидат Џо Бајден е закажана за 15 октомври.