Вонредната состојба во Турција нема да биде продолжена по 18 јули, соопшти денеска портпаролот ма турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин.
Вонредната состојба во Турција беше воведена на 20 јули 2016 година по обидот за воен удар во ноќта меѓу 15 и 16 иститот месец, и од тогаш таа беше продолжувна на секои три месеци. Последното продолжение на вонредната состојба истекува вечерта на 18 јули.
– Борбата против тероризмот ќе продолжи во рамките на сегашните закони, но вонредната состојба би можелеа да биде повторно воведена во случај на вонредни околности, нагласи Калин на прес-конференција во Анкара.
За време на вонредната состојба беа уапсени речиси 77.000 лица под обвинение за учество во обидот за преврат или за поврзаност со исламскиот проповедник Абдулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на пучот. Под истите обвиненија беа отпуштени или времено суспендирани од работа околу 150.000 државни службеници и вработени во државни институции.