Педесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа на излезот од Гевгелија.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера кога патничко возило „мини морис”, со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, излетало од патот.
На местото на незгодата починал возачот, а увид извршиле увидна екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.