Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер објавија дека планираат да прифатат околу 1.500 бегалци од грчки острови, објавија германските медиуми.
Станува збор за повеќе семејства со деца.
Повеќе од 12.000 луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и Сирија, останаа без покрив над главата и без пристап до храна и вода откако минатата среда избувна пожар низ преполниот бегалски камп на грчкиот остров Лезбос, објави „Ројтерс“.