Инженерите создадоа робот што во продавница регистрира дали луѓето носат маски како заштита од коронавирусот, а ако тоа не е случај, љубезно ги замолува да го сторат тоа.
Ова е нова карактеристика на хуманоидниот робот „Пепер“, кој се користи во некои земји уште од порано, кој ги поздравува посетителите на продавниците, изложбите и другите јавни места, пишува „Ројтерс“.
Функционира на тој начин што во роботот има вградена камера, која ги скенира лицата на луѓето што му приоѓаат. Доколку открие дека долната половина од лицето не е покриена, роботот ги потсетува дека треба да носат заштитна маска.
Ако посетителите тогаш стават маска, роботот им се заблагодарува.
Од компанијата „Софтбанк роботикс“, која стои зад „Пепер“, тврдат дека нивната идеја била да создадат пријателски робот што ќе ги потсетува луѓето да стават маска ако заборават да го сторат тоа.