Општината Битола ќе издвои над 7,8 милиони денари, или 120 000 евра за да се набават компјутери и силна интернет врска за сите наставници и професори да можат непречено да држат онлајн настава од основните и средните училишта во градот. Исто така за сите училишта набавени се и бесконтактни топломери.
– Со ова даваме целокупна поддршка за успешен почеток на учебната година во овие околности. Имајќи ги во предвид спецификите во кои се наоѓаме, дури и таму каде што ќе има физичко присуство мора да имам и варијанта за онлајн настава зашто еден заболен ученик во една училница би значело автоматски изолација на останатите, односно следење на настава онлајн – рече градоначалничката Наташа Петровска.
Со ребалансот за секоја учлилница ќе биде набавен по еден компјутер. На тој начин наставниците и професорите ќе можат да држат онлајн настава со учениците.
– Со ребалансот ќе се обезбедат средства за поставување на солидна интернет врска за непречено да се одбива наставниот процес. Средствата кои ги обезбеди Општината ќе бидат префрлени кон училиштата за да тие да ги набават компјутерите – рече претседателот на Советот, Валентни Груевски. М.М.