КОШАРКА – НБА

Леброн Џејмс беше најефикасниот кошаркар во Лос Анџелес лејкерс во победата над Хјустон (112-102), со што неговиот клуб поведе со 2-1 во плејофот на НБА-лигата, во Западната конференција. Покрај 36-те коша, тој оствари и нов рекорд, стигна до 162-та плејоф-победа. Со тоа го надмина својот поранешен соиграч Дерек Фишер, а трет е легендата на Сан Антонио, Тим Данкан, со 157 триумфи во доигрувањата.
– Овој рекорд зборува колку добро сум одиграл многу мечеви, дека сум играл со многу одлични соиграчи и сум работел со квалитетни тренери. Ниту во Кливленд, Мајами, ниту во Лос Анџелес лејкерс не се остваруваат овие резултати без соиграчите и без сите оние што помагаат зад кошевите. Поради тоа сега сум тука со ова мое достигнување – скромно изјави Џејмс за ТНТ.

Џејмс досега во кариерата одиграл 239 натпревари во плејофот, а до титулата стигнал трипати, во 2012 и во 2013 година со Мајами и во 2016 година со Кливленд. Во преостанатите дуели од плејофот сезонава, Мајами го елиминира Милвоки и првпат по шест години стигна до финалето во Источната конференција, откако во петтиот меч победи со 103-94, за 4-1 во победи. Таму ќе игра со подобриот од дуелот Бостон – Торонто. Моментниот резултат е 3-2 во победи за Бостон, кој победи во третиот дуел со актуелниот шампион со 111-89. Се игра до четири победи.


НБА, ПЛЕЈОФ

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Бостон – Торонто 3-2
Мајами – Милвоки 4-1

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ЛА лејкерс – Хјустон 2-1
ЛА клиперс – Денвер 2-1

се игра до четири победи