САД нема да платат околу 80 милиони долари долг кон Светската здравствена организација (СЗО), но ќе ги пренасочат тие пари за да ги подмират своите давачки во Обединетите нации во Њујорк, изјави денеска американски официјален претставник.
САД планираат да ја напуштат СЗО со седиште во Женева на 6 јули 2021 година, откако претседателот Доналд Трамп ја обвини организацијата на ОН дека станала марионета на Кина за време на пандемијата на коронавирусот.
СЗО ги отфрли обвинувањата на Трамп, потсетува „Ројтерс“.
– Ве упатиме на нашите претходни изјави дека жалиме за одлуката на Соединетите Држави да се повлечат – рече портпаролката на СЗО како одговор на барањето за коментар.
– Чекаме дополнителни детали, кои внимателно ќе ги разгледаме – додала таа.
Според заедничката резолуција на американскиот конгрес од 1948 година, Трамп мора да го извести СЗО една година однапред за повлекувањето на САД од организацијата, а Вашингтон е должен да го плати она што го должи во тековната фискална година.