Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска потврди дека Белград на почетокот на неделава се приклучил на декларацијата на ЕУ за Белорусија и изрази надеж дека белорускиот претседател Александар Лукашенко нема да забележи поради тоа.
Амбасадорите на ЕУ и САД во Белград, Сем Фабризи и Ентони Годфри, го поздравија овој потег.
На 11 август ЕУ усвои декларација за претседателските избори во Белорусија, во која се вели дека граѓаните на Белорусија покажале желба за демократски промени, но дека изборите не биле ниту слободни ниту фер.
Белорусија е жариште на протести од објавувањето на резултатите од претседателските избори на 9 август, на кои Лукашенко освои 80 проценти од гласовите, но кои опозицијата ги смета за лажирани.
– Потпишувањето на декларацијата е она што Србија треба да го направи како дел од усогласувањето на српската со европската политика – рече Брнабиќ пред новинарите за време на посетата на Факултетот за ликовни уметности во Белград додавајќи дека се надева оти Лукашенко нема да забележи, пренесоа локалните агенции, кои посочуваат и дека премиерката ги оценила односите меѓу Србија и Белорусија како добри.