фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие полициските службеници на ОВР Кичево, констатирале 33 прекршоци на граѓани за неносење лична заштита на лицето.

На овие лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 од Уредбата со законска сила за носење на лична заштита на лицето, заради спречување на ширење на ковид-19.

Во истиот период на ниво на СВР Охрид извршени се и 6 контроли врз врз угостителски и други објекти, дел и во Кичево, информира портпаролот Стефан Димовски.

З.А.