Истекување на кислород е откриено најверојатно од американскиот сегмент на Меѓународната вселенска станица.
Ваквото истекување на кислород не е опасно за членовите на екипажот, пренесува руската агенција.
Според неименуван извор, се планира да се изолира модулот што припаѓа на Соединетите држави, со затворање на отворите помеѓу сегментите.
Во моментов во станицата престојуваат руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер како и американскиот астронаут Кристофер Касид.