Во Муртино, во тек е протест на земјоделците, незадоволни од цената на пролетната зелка. Тие ги блокираа влезот и излезот на село Муртино бидејќи откупната цена на пролетната зелка паднала од 30 на 25 денари по килограм.

Земјоделците се револтирани бидејки им било ветено дека до празниците за Велигден, цената на откупот на зелката нема да падне под 30 денари за килограм.

Зарди падот на цената на зелката во струмичко се очекува да пристигнат претставници на Министерството за земјоделие.

Струмичкиот регион е најголем производител на пролетна зелка, која започна да се откупува пред две недели.

С.Џ.