Француската виолончелистка Фредерик Легранд вечер ќе настапи на „Скопско лето“ со пијанистката Марија Вршкова и виолинистот Марко Поп Ристов на концерт во Музеј на Град Скопје од 20.30 часот.
На концертот насловен „Вечер на француска класична музика“ тие ќе изведат дела од Дебиси, Купрен, Пуланк…
Музичарката од Франција Легранд почнала да свири пијано на три години, а откако дипломирала на конзерваториумот во Валенсиен, изучувала виолончелото со Дејвид Лоуерс и Елен Датри. Дипломирала на Кралскиот колеџ за музика во 2009 година.
На „Скопско лето“ утревечер, пак, во Сули ан од 22 часот, концерт ќе има Младинскиот светски џез-оркестар (JM World Jazz Orchestra) предводен од диригентот Луис Бонила од САД.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје утрешниот концерт го организира во соработка со Музичка младина на Македонија.