Лидерите на земјите од Западен Балкан попладнево започнаа видео самит организиран од страна на вашингтонскиот Атлантски совет.
Средбата е посветена на конкретни чекори за подобрување на регионалната економска соработка и привлекување на странски инвестиции.
На самитот присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот претседател Стево Пендаровски, претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија, Драгица Секулиќ.
На собирот учествуваат и претставници на ЕУ, САД и меѓународната заедница.
Средбата ја отвори Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет.
Според организаторите, се очекува оваа средба да придонесе за економско закрепнување на регионот по пандемијата на коронавирусот.