ВМРО-ДПМНЕ распиша два јавни повика, првиот за избор на претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани.
Огласите се активни до 15 август, а деталите околу огласот се содржани во јавниот повик објавен на веб-страницата на ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој придонес во борбата за подобра иднина на нашата татковина. Процесот на освежување ќе продолжи во периодот пред нас – велат од партијата.