Кремовите за сончање се клучни за заштита на кожата од рак. Меѓутоа новата студија укажува дека тие исто така може да предизвикаат недостиг од витаминот Д. Витаминот Д е важен за здравјето на коските, затоа што помага во апсорпцијата на калциум. Исто така помага во функционирањето на нервите и мускулите и во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Некои намирници природно содржат витамин Д, како што се рибата или говедскиот црн дроб, но тоа се претежно мали количества. Најдобриот извор на витамин Д е изложеноста на сонце.
Сончевите зраци навлегуваат во кожата и формата на холестеролот (7-дехидрохолестерол) ја претвораат во активна форма на витамин Д-3.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија, предводени од Ким Фотенхауер, ги проучувале постојните клинички студии за недостиг од витамин Д и заклучиле дека кремовите за сончање со фактор 15 или повеќе може да го намалат производството на витамин Д дури за 99 проценти.
Затоа тие препорачуваат двапати неделно да се поминува половина час на сонце, без да се нанесува заштитен крем. Таквата количество на изложеност на сончевите зраци нема да го зголеми ризикот од рак на кожата, а ќе се одржи оптималното количество на витамин Д во организмот.