Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 случаи на заболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле 6 лица.
Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 51.
Од нив, 38 лица се наоѓаат на домашно, а 13 на болничко лекување.
Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 321.
Ка.М.